Your browser is not supported. Please use IE 8 or above.

МАКЕДОНИЈА - FYROM

Local Business - Global Network ®

BNI - The World's Largest Referral Organization

Зошто да се придружите?

  • Бидејќи ќе можете да придобиете нови клиенти и нови деловни контакти.
  • Ќе ја зголемите изложеноста и видноста на вашата компанија.
  • Бидејќи на структуриран и систематичен начин ќе ја ширите својата деловна мрежа.
  • Поради позитивната енергија и фокусираност на решенијата, која владее во групите.
  • Бидејќи со меѓусебна помош во групата, полесно ќе ги достигнете своите цели.
  • Бидејќи ваши кочленови лично ќе го препорачуваат вашиот бизнис на луѓето, со кои секојдневно комуницираат.
  • Затоа што во BNI групата може да биде само едно лице од секоја дејност – со придружувањето ќе ја избегнете својата конкуренција и ќе си обезбедите 100% работа од својата дејност.  
  • Бидејќи ќе ја подобрите вештината на вмрежување и ефикасно претставување на својата работа.
  • Затоа што ќе можете да учествувате на различни бесплатни деловни работилници.

Бидејќи ќе го подобрите својот јавен настап


BNI состанок

Неколку упатства за првата посета на BNI состанок:

  • од состанокот земете што е можно повеќе – без никакви обврски за лесно добивање на нови деловни контакти искористете го уште првиот состанок.  
  • Со себе земете доволно визит-карти, бидејќи ќе имате можност да ги разделите на сите присутни на состанокот (вообичаено околу 30 членови).
  • На состанокот ќе имате 60-секундна можност за претставување на себе и својата работа. Можете да ги опишете своите производи или услуги односно уште подобро како од неодамна сте го решиле проблемот на клиентот. Наведете конкретно, со кој би сакале да склучите зделка – моќта на BNI не е само во луѓето, кои ќе ги среќавате на состанокот, туку и во луѓето кои тие ги познаваат.  
  • Доколку имате страв од јавно претставување, имајте на ум дека сите членови некогаш биле во вашата положба. Првиот настап можеби нема да успее најдобро, но сепак во неколку недели членовите стануваат сè повешти во јавното настапување, а нивните претставувања сè поефикасни.   
  • По официјалната работа следи неформален појадок, каде ќе имате дополнителна можност за преставување на својот бизнис на учесниците на состанокот

Чести прашања и одговори

Дали секој може да се приклучи на BNI група?
Групата прима само по едно лице од секоја категорија на дејност. Доколку на пример сте агент за недвижности и во групата веќе е зафатена таа дејност, не можете да се приклучите на таа група. Можеме да ве упатиме во друга група или да ви помогнеме, како да започнете со формирање на нова BNI група. Доколку пак таквата дејност сè уште не е присутна во групата, можете да поднесете Кандидатура за членство и на тој начин да кандидирате за место во групата. Одборот за членство на групата го прегледува вашето барање и ве известува за приемот.

Како знаете, дали новите членови се претприемачи од доверба?
Во барањето за членство треба да се наведат на две деловни референци, кои Одборот за членство на групата ги проверува. Одборот исто така врши интервју за влез со кандидатот. Бидејќи станува збор за маркетинг од уста на уста, секој потенцијален нов член е поканет од некого од групата, односно некој веќе го познава и му верува. Тоа е неговиот гарант и тој го врши првиот разговор со него уште пред да го покани во групата.

Што, ако членот добие деловна упатница и потоа лошо ја изврши својата работа?
Во секоја група имаме Одбор за членство и секој кој посредува деловна упатница и подоцна се дознае дека извршената работа не била задоволително извршена, за тоа мора да го извести Одборот, кој ја истражува работата и соодветно постапува. Одборот за членство на групата има автономно право, од групата да ги исфрли членовите, кои не ја вршат квалитетно својата работа или на било кој начин го кршат BNI правилникот и/или BNI етичкиот кодекс.

Кои дејности најмногу добиваат во BNI?
Не е толку важна дејноста, колку личноста на членот. Може да биде било која дејност, која редовно има потреба од нови клиенти. Доколку сте позитивна личност, имате цел и сте подготвени за достигнување на таа цел и активно да работите, тогаш сигурно сте личност која ја посакуваме во BNI групата.

Дали од членовите се очекува, да донесат посетители на состанокот?
Членовите на состанокот на групата покануваат пред сè посетители од дејности чија категорија на дејност е сè уште слободна во групата. Сепак станува збор за повеќе или помалку затворен тип на состанок, освен за потенцијални нови членови.  

Специјализиран сум за едно подрачје во рамките на својата дејност. Дали се очекува, да ги познавам сите аспекти на истата категорија?
BNI разбира, дека голем број дејности покриваат широко подрачје на работа и дека луѓето честопати се специјализираат за поединечно подрачје. Затоа BNI не очекува и не поттикнува никого во групата да работи во област каде професионално нема искуства. Сосема спротивно; BNI им забранува на специјалистите во групата да работат надвор од доменот на нивното знаење, искуство и можности.   


 

BNI

Copyright BNI. All Rights Reserved. All company names, product names logos included here may be registered trademarks or service marks of their respective owners.