Your browser is not supported. Please use IE 8 or above.

МАКЕДОНИЈА - FYROM

Local Business - Global Network ®

BNI - The World's Largest Referral Organization

Како настана BNI?


BNI во 1985 година го основаше др. Иван Миснер, кој моментално важи за еден од најголемите експерти на светот за деловно вмрежување. Др. Иван Миснер е автор на бројни книги; некои негови дела спаѓаат во најпродаваните книги на издавачките куќи New York Times и Amazon.com. CNN го именуваше како »Татко на модерното вмрежување«, а весникот Entrepreneur Magazine како »Гуру на деловното вмрежување«.

Организацијата настанала според едноставна идеја, која на др. Миснер му се родила, кога неговата компанија се нашла во криза. Се занимавал со деловно советување и неговата компанија била поврзана со еден голем клиент. Тој клиент наеднаш преку ноќ ги затворил вратите и неговата компанија останала без поголемиот дел од работата. Имале многу ограничен буџет за рекламирање, па затоа барале други начини до нови клиенти.

Др. Миснер го повикал својот пријател, исто така претприемач, кој му предложил да се сретнат и да си ги прегледаат контактите кои ги имаат и можеби взаемно ќе можат да си помогнат да се отвори некоја врата. На состанокот поканиле уште двајца пријатели и приказната започнала.

Идејата брзо заживеела и на тој начин во Калифорнија веќе во првата година се формирале 20 BNI групи. По тринаесет години работење BNI се раширил надвор од границите на САД во Велика Британија и Канада, а денес организацијата работи многу успешно на сите континенти на светот. Основната идеа на меѓусебна помош останува сè уште целосно непроменета, како што била на првиот состанок во јануари 1985 година.  


На каков начин работи BNI?

BNI организира групи на претприемачи / бизнисмени на локално подрачје, во кои истите преку лични препораки си помагаат до нови клиенти. BNI има развиено систем за добивање на нови клиенти, кој на групите им нуди структурирана и позитивна деловна околина.

Темел на работењето на сите групи е BNI филозофијата Givers Gain®, што би можело да се преведе како »Кој дава, тој добива« и значи взаемна меѓусебна помош и поддршка во групата. Сите ние кои сме дел од BNI веруваме, дека со меѓусебното поврзување и соработка ќе ни оди полесно и со таквото работење можеме сите да имаме придобивки.

Активно работење во BNI групата е исто кога на пазарот би имале екипа на претприемачи, кои ве претставуваат вас и вашиот бизнис, а во замена пак вие нив и нивниот бизнис. Најуспешни се оние BNI групи во кои членовите искрено сакаат да помогнат еден на друг и лично се препорачуваат кај луѓето со кои комуницираат. Тие се како екипа, која има само една цел – сите членови да придобиваат нови клиенти за своите бизниси.

Секој BNI член работи согласно со BNI правилниот за членство.


Како можам да се придружам на групата 

Вашиот прв чекор е, да ја побарате BNI групата, која работи во вашата близина, во Скопје и да ја посетите како посетител. На состанокот ќе ги добиете сите потребни информации за организацијата и работењето на групите.

Состаноците на секоја група се одвиваат еднаш неделно од 7.00 до 8.30; по состанокот следи појадокот.

Можете да нè контактирате и преку телефон +389 75 243-100; +389 70 262-217

или преку e- пошта: mirjana@bni-macedonia.com; ana@bni-macedonia.com

BNI

Copyright BNI. All Rights Reserved. All company names, product names logos included here may be registered trademarks or service marks of their respective owners.